Хрватскиот селектор нов тренер на Ајакс?

Холандскиот гигант го отпушти тренерот Алфред Шрудер поради лошите резултати, Ајакс немаше победа седум натпревари во низа, па отказот дојде сосема заслужено.

Засега е познато дека Хетинг ќе ја води екипата заедно со Рејзингер, но холандскиот „Де Телеграф“ пренесува дека имало контакт и со едно звучно име.

Имено, Ајакс наводно остварил контакт со Златко Далиќ кој со голем успех ја води репрезентацијата на Хрватска.

Се шпекулира дека Далиќ бил прва мета, но засега не е познато колку ситуацијата е сериозна. Со Хрватска Далиќ го освои второто и третото место на Мундијалот.