Хумза Јусаф избран за лидер на Шкотската национална партија

Владејачката Шкотска национална партија (СНП) денеска го избра Хумза Јусаф за нов лидер.   

Јусаф досега беше министер за здравство на Шкотска. Тој освои повеќе гласови од двајцата шкотски пратеници во трката за лидер на СНП, откако долгогодишната премиерка Никола Старџен минатиот месец неочекувано поднесе оставка. 

Новиот лидер на СНП се соочува со предизвикот да ја обедини партијата и да даде нова енергија во кампањата за независност на Шкотска од Велика Британија. 

Јусаф (37) е син на имигранти од Јужна Азија.