Цел свет гледа како Хари е понижуван од поранешната девојка: Принцот не се чувствувал добро додека ја гледал како танцува со Вилијам! (ВИДЕО)

На Твитер сега е споделено видео од 1997 година на принцот Хари, неговата поранешна девојка и Вилијам.

Во описот на видеото стои дека Челзи намерно го игнорира Хари затоа што бил таков каков што е – наметлив и несериозен. На клипот се гледа како Челси станува и танцува додека го гледа Вилијам кој исто така танцува, а Хари цело време ја гледал и зборувал нешто сериозно.

Според ова, излегува дека на Челзи повеќе и’ допаѓал постариот отколку помладиот брат. Принцот Хари тврдеше дека Челзи сфатила дека животот во британското кралско семејство не е за неа откако била малтретирана. Тврдењата се појавија во случајот на Високиот суд, поднесен против весниците ,,Мирор груп” од страна на неколку познати личности, вклучувајќи го и Хари.

Челси Дејви и принцот Хари биле во врска помеѓу 2004 и 2011 година. Адвокатите на Хари рекоа дека наводната незаконска активност на новинарката предизвикала големи предизвици во врската и ја навела да ја прекине врската. Во тужбата се наведува дека новинарите резервирале хотел во близина на брегот на Мозамбик за да ги следат Хари и Челзи, кои планирале да одат на одмор подалеку од очите на јавноста.

Адвокатите, исто така, открија дека говорните пораки на Челзи до Хари меѓу 2007 и 2009 година биле прислушувани. Адвокатскиот тим на принцот Хари нагласи дека таквите незаконски активности предизвикале загриженост кај него и сите околу него.

– Секогаш кога бил во врска, па дури и кога се зборувало само за неговата врска, семејството и другите луѓе, а често и неговите пријатели, биле вовлекувани во хаосот и мета на незаконските дејствија на МГН – додаваат адвокатите.

По раскинувањето, таблоидите објавија дека Хари сè уште се интересирал за Челзи, а тие наводно направиле последен обид да ја обноват врската во 2015 година. На крајот, сепак, разделбата беше конечна, а сето тоа затоа што Челзи едноставно не сака да троши нејзиниот живот за објаснувања во јавноста. Сепак, Хари ја преболи својата прва голема љубов и се ожени со Меган Маркл во 2018 година, па затоа дури и го напушти семејството и се пресели во Америка.