ЦЕНАТА Е 9.000 ЕВРА- Италијанската компанија нуди реставрирани копии на легендарниот “Фиат”500 (ФОТО)

Иако Fiat остана доследен на традицијата и максимално се држеше до класичниот рецепт кога станува збор за „новиот модел 500“, сепак има и такви кои се уште го сакаат „оригиналот“. Токму тоа може да им го понуди Real Italian Car Company.

Станува збор за компанија со седиште во италијанскиот град Лука, која го реставрира и продава класичниот Fiat 500. Експертскиот тим посветува големо внимание на сè, од каросеријата и шасијата, до двоцилиндричниот мотор од 500 кубика, до суспензијата, сопирачки и електроника.

Компанијата во својата работа вклучила дури и механичари кои работеле на Fiat 500 кога бил нов, додека италијански дизајнер на мебел се грижи за последните детали.

Меѓу досега реставрираните автомобили се моделите Fiat 500D, 500L и 500F, како и кабриолет за плажа на Spiagga.

Што се однесува до цените, тие се движат од 9.000 евра до повеќе, во зависност од тоа што сака клиентот.