Цените на нафтата пораснаа бидејќи се очекува поголема побарувачка од Кина

Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 3,2 отсто – на 85,83 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,4 отсто – на 79,68 долари.

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, благодарение на надежите на трговците дека кинеската побарувачка ќе се зголеми бидејќи се очекува забрзување на растот на втората по големина светска економија, пренесува Хина.

И покрај привремениот раст, цените на нафтата и натаму се малку пониски во однос на почетокот на годината.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 3,2 отсто – на 85,83 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,4 отсто – на 79,68 долари.

Зголемувањето на цените најмногу се должи на подобрите од очекуваните макроекономски показатели од Кина, кои упатуваат на забрзување на растот на тамошната економија, по подолг период на слабост.

Бидејќи Кина е најголемиот увозник на нафта во светот, трговците очекуваат зајакнување на побарувачката. Кинескиот увоз на руска нафта по морски пат би требало да достигне највисоко ниво од следењето на податоците во март, проценуваат трговците.

Зголемување на каматните стапки

Од друга страна, порастот на цените на енергенсите ги ограничува напорите на централните банки на западните земји да ја потиснат инфлацијата, односно да ја ослабнат потрошувачката на населението и да го забават растот на економиите, што, се разбира, би ја ослабело побарувачката за „црното злато“.

Бидејќи инфлацијата во САД е сè уште висока и економијата постојано расте, проценките за зголемување на каматните стапки на американската централна банка се зголемија.

Тежина за цената на нафтата беше и изјавата на членот на управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Пјер Вунш, дека основната каматна стапка во еврозоната би можела да порасне до четири проценти, доколку базичната инфлација остане на високо ниво. .

Во меѓувреме, извештајот на Wall Street Journal дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) размислуваат да го напуштат ОПЕК и да го зголемат производството на нафта, исто така, ги вознемири трговците. Веднаш по таа вест, цената на нафтата нагло падна, но бидејќи веста набрзо беше демантирана, цените ги повратија сите претходни загуби.