Црна приказна во Берово: Двајца психопати силувале девојка

Изниминативе денови на македонските портали често можеше да се прочита вест за некој немил и монструозен настан во соседна Србија.

За жал, еден таков настан се случи денес и во Македонија.

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца мажи, едниот од Берово, а другиот од Штип, но со живеалиште во Берово, под сомнение дека силувале 21-годишна девојка со здравствени проблеми, соопшти МВР, пишува Слободен печат.

„ОВР Берово до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Ш.Д.(28) од Берово и Ш.Д.(43) од Штип, со живеалиште во Берово, поради постоење основи на сомнение дека извршиле обљуба врз 21-годишна девојка од Берово, која имала здравствени проблеми“, се вели во полициското соопштение.