Чаби Алонсо: Ништо не е решено во пресметката помеѓу Баер Леверкузен и Рома

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, смета дека неговиот тим е добро подготвен за реваншот со Рома во полуфиналето од Лигата на Европа.

  • Во Рим беше изедначен натпревар и мислиме дека така ќе биде и во реваншот. Ја чувствувам енергијата и расположението на тимот. Ќе го дадеме максимумот до последната секунда, бидејќи имаме шанса да стигнеме до финалето. Добро се подготвивме, се уште ништо не е решено, а целта ни е луѓето да го паметат реваншот со Рома уште многу години и овие спомени да бидат пријатни. Момците се подготвени и се надевам дека ова ќе биде прво од многуте полуфиналиња за Баер, изјави Алонсо.

Во првиот натпревар римскиот тим победи со резултат 1:0. Реваншот ќе се одигра во Леверкузен вечер со почеток во 21 часот.