Честитки од британскиот министер за одбрана за годишнината од членството на земјава во НАТО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска преку видео-конференциска врска разговараше со нејзиниот британски колега Бен Валас, кој и упати честитчки за годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО.

Како што информираа од Министерството за одбрана, двајцата соговорници се фокусирале на силните сојузнички односи и идните активности за продлабочување на интенивната билатералната сорабока помеѓу Северна Македонија и Велика Британија, а се осврнале и на актуелната безбедносна состојба во Украина.

Петровска изрази благодарност за пријателската поддршка од Велика Британија во процесот на воена интеграција во НАТО, при развивањето на одбранбените капацитети и способности на Армијата, како и за континуираната поддршка во модернизацијата на армискиот полигон Криволак.

Валас ги оценил овие процеси како исклучително успешни, го подвлече процесот на модернизација на Армијата како позитивен и исклучително важен и ја поздрави улогата на Северна Македонија во регионалната безбедност и стабилност.

Велика Британија и Северна Македонија имаат сеопфатна соработка во областа на одбраната која се реализира во повеќе области: одбранбена политика, воена обука и едукација, вклучувајќи и школување на припадници на Армијата на најпрестижните воени школи во Велика Британија“, се посочува во соопштението од Министерството за одбрана