Членовите на Балканскиот клан ,паднаа” со 15 милиони евра и кокаин: Неверојатно е што уште им заплениле на Црногорците (ФОТО/ВИДЕО)

Уругвајската полиција вчера во рамките на акцијата наречена „Виртус“ запленила повеќе од 400 килограми кокаин, а меѓу другите уапсила и двајца државјани на Црна Гора.

Дрогата пристигнала од Боливија и била наменета за Европа, соопшти Обвинителството.

Операцијата вклучуваше рации во Монтевидео, Сан Хозе и Рио Негро, а во оваа организација беа вклучени 18 лица од различни националности. Во моментов, 15 лица се уапсени, од кои многумина се странци.

– Меѓу тие 15 уапсени има и двајца црногорски државјани кои се осомничени дека се членови на балканскиот клан, кој е голема мрежа на организиран криминал што дејствува во Европа, составена од државјани на Србија, Црна Гора и Хрватска – пишува во текстот на Телемундо.

Властите, вклучително и Генералниот директорат за сузбивање на трговијата со дрога, заплениле четири возила.

Според претставниците на уругвајското МВР, запленетата дрога е проценета на пазарната вредност од околу 15 милиони евра.

Да потсетиме, во извештајот за Црна Гора за 2022 година, Европската комисија укажа на зголемување на случаите во кои црногорски државјани биле уапсени за шверц на дрога, особено кокаин, во странство.

Сè уште не е соопштен идентитетот на уапсените црногорски државјани. Дел од уругвајските медиуми вчера тврдеа дека тие веќе биле барани од Интерпол.

Вкупно, властите заплениле 489 килограми кокаин, пари, четири возила, два чамци, трактор, револвер, пиштол, пушка и две пушки.