Чола стана ТикТокер: Погледнете што пејачот прво објави на својот профил (ФОТО/ВИДЕО)

Здравко Чолиќ отвори профил на социјалната мрежа ТикТок а со тоа изненади многумина.

Тој ги изненади и ги воодушеви и своите следбеници, а овојпат покажа и дека ги следи модерните трендови. Не се сомневаме дека бројот на следбеници на оваа социјална мрежа од ден на ден ќе се зголемува.

Пејачот засега има четири видеа на својот нов профил на кои може да се види атмосферата од спектакуларниот концерт кој го одржа во Задар.

Дека овој профил навистина му припаѓа на Чола може да се заклучи од тоа што неговата сметка е верификувана, како и од тоа што во описот на сметката стои официјалната е-пошта на пејачот.