ЧУВАЈТЕ ГО ЗДРАВЈЕТО – Какви видови сирење можете да јадете ако имате висок холестерол

Високото ниво на холестерол придонесува за развој на срцеви заболувања, кои се водечка причина за смрт. Секако, исхраната е важна за спречување на овој проблем. Постојат одредени видови сирење што можете безбедно да продолжите да ги јадете доколку имате висок холестерол.

Моцарелата содржи мала количина на заситени масти. Нутриционистката Шерил Мусато изјави за Eat This, Not That дека овој вид сирење може да го одржува срцето здраво, а исто така е добро и за варење.

Свежото кравјо сирење е исто така корисно бидејќи има малку маснотии и многу протеини. Истражувањата покажаа дека тоа е поврзано и може да го намали ризикот од рак на дојка. Содржи и фосфор, кој е особено корисен за трудниците.

Нутриционистот Лесли Бончи препорачува фета сирење: 30 грама содржи приближно пет грама масти, што е значително помалку од другите сирења. Фета и чери доматите се идеална комбинација доколку сакате да се храните здраво и да го зачувате срцето.

Рикота е исто така сирење со малку маснотии. Сепак, треба да се напомене дека тоа всушност не е сирење бидејќи се прави од сурутката што останува по подготовката на другите сирења. Едно пакување содржи приближно 50 калории и четири грама масти.