ЧУДАTА ПОСТОЈАТ- Шестмесечно бебе спасено од урнатините 82 часа по земјотресот во Турција

Шестмесечно бебе е извадено од урнатините во Адијаман, 82 часа по земјотресот што во понеделникот ги погоди јужните провинции на Турција.

Припадниците на спасувачките екипи од турскиот град Орду со огромни напори успеале да го извлечат бебето од урнатините, кое потоа било префрлено во болница.

Гувернерот Тунчај Сонел ја изрази својата радост поради спасувањето на бебето на својот профил на социјалните мрежи. „Господ нека ни е на помош. Важно е да се држиме заедно во оваа катастрофа“, рече тој.

Околу 17.500 луѓе загинаа, а повеќе од 60.000 беа повредени во разорниот земјотрес што ја погоди јужна Турција.