ЧУДНИ НАВИКИ – Ова е уникатниот режим на спиење на Халанд: “Фудбалерот носи посебни очила и мистериозен прстен, а се буди со добро познат ритам!“

Уште еден монструозен настап на Ерлинг Халанд го турна Манчестер Сити кон место меѓу најдобрите осум клубови во Европа. „Петардата“ која избувна во „скутот“ на Лајпциг на „Етихад“ брзо се прошири низ фудбалскиот свет, па дел од јавноста чудесните голгетерски способности на норвешката „машина“ ги препиша на неговите навики за спиење.

Имено, неколку часа пред да оди на спиење, тој носи специјални портокалово-сини затемнети очила, кои ги блокираат дигиталните светла со висок интензитет. Исто така, не ни помислува да го користи мобилниот пред да заспие, па го исклучува звукот неколку часа пред спиење, за некој случајно да не го вознемири. Па дури ни Пеп Гвардиола не може да го добие, а ова го потврдува и познатата приказна на Арјен Робен, кога му се јавил на Холанѓанецот во два часот по полноќ за време на неговиот „мандат“ во Баерн Минхен, сакајќи да разговара со него за тактички прашања но не успеал.

За дополнително да го следи квалитетот на спиењето, ѕвездата на „Граѓаните“ носи прстен Oura, кој го мери квалитетот на спиењето, температурата на телото и отчукувањата на срцето. Што е најважно, тој обично легнува помеѓу 22 и 22:30 часот. Како што и самиот изјави претходно, секое утро се буди со добро познатите мелодии на химната на Лигата на шампионите, кои ги поставил како звук на неговиот аларм.

Во демолирањето на германскиот клуб, на 22-годишниот фудбалер му беа потребни само 30 допири со топката за да постигне пет гола во противничката мрежа, а за извонредниот настап заработи и големо признание од L’Equipa – и го оценија со највисока оценка 10-ка.