ШАКИРА ДОБИЛА ШАМАР ОД СЕКВРКАТА ПРЕД ПИКЕ И ДЕЦАТА: ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА ДРАМА

Откриени детали за семејната расправија.

Љубовната приказна на Шакира и Пике и скандалите по нивното раскинување се уште ја интригира јавноста.

Фудбалерот и пејачката раскинаа по десет години поради изневерувањето на Пике со млад студент.

Откако во јавноста се појавија приказни за причините за нивното раскинување, се обелоденија бројни детали од нивната врска и оваа афера во која наводно е вмешано целото семејство на фудбалерот.

Фудбалерот и пејачката раскинаа по десет години поради изневерувањето на Пике со млад студент.

Популарната пејачка прво дознала за изневерувањето на својот долгогодишен партнер, а потоа и за „предавството“ на нејзината свекрва.

Жерар Пике наводно ја изневерил Шакира со младата Клара Чиа Марти. Според „The Sun“, мајката на Пике, Монсерат Бернабеу цело време знаела за неговото изневерување со млада студентка и ја криела оваа афера.

Според шпанските медиуми, ваквата инволвираност на Моцерат е најголемата причина поради која тие две не се разбрале.

„Сето ова е затоа што кога започна врската на Пике и Клара, тие се криеја во куќата на родителите на Пике во Кабрилс, Шпанија“, тврди шпанската новинарка Лаура Фа.

Според шпанските медиуми, извор близок до фудбалерот и неговото семејство бил сведок на физичка пресметка меѓу Шакира и Монсерат.

Споменатиот извор за шпанските медиуми изјави дека пејачката и нејзината свекрва во неколку наврати жестоко се судриле и дека имале две сериозни расправии во кои имало и физичка пресметка.

„Бернаберу ја удри Шакира по лицето пред Џерард и нивните деца“, изјави изворот.

Пејачката и фудбалерот никогаш не ги потврдија овие наводи.