Шакира ѝ го украде поранешното момче на колешката! Таа повторно добро се забавуваше во друштво на ѕвездата на Формила 1 со кој уживаше на скапата јахта (фото)

Пејачката Шакира и нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике беа во центарот на вниманието во последните месеци поради неговото неверство.

Колумбијканката објави неколку песни во кои директно го напаѓа поранешниот партнер и ги потсетува сите нејзини фанови колку ја повредил со својата прељуба. Таа сега повторно го привлече целото внимание поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се сомневаат дека е нејзиниот нов љубовник.

Имено, Шакира беше видена во друштво на Луис Хамилтон кој се натпреварува за Големата награда на Шпанија во Формула 1, а со тоа на медиумите им даде уште поголема причина да ги подгреат гласините за нејзината потенцијална нова љубов.

Изгледаше како добро да се забавува, но и внимателно и срдечно да ја следи трката со своите пријатели, додека некои коментираа дека нејзината насмевка кажува дека и таа е многу заљубена, пренесува британски „Дејли мејл“.

А на социјалните мрежи можеме да видиме голем број на снимки кои сведочат за среќата на Шакира, која не може да ја сокрие.

И покрај поддршката и присуството, Шакира беше сведок на доминантната победа на Макс Верстапен, додека Луис Хамилтон и Џорџ Расел ги освоија второто и третото место.

Веста за романсата на Хамилтон и Шакира кружи веќе некое време, а сè започна кога згодната Колумбијка и поранешното момче на познатата пејачка Никол Шерцингер беа сликани во ресторан, а подоцна заминаа на јахта со пријателите и синовите на Шакира, Милан и Саша, која ги доби со Пике.

Додека уживаа на луксузната јахта вредна 20 милиони долари, папараците го фатија моментот кога пејачката ја прифати понудата за помош на Хамилтон додека се обидуваше да се качи на јахтата.

Шакира пред неколку дена се врати во Шпанија и таму ќе помине извесно време.