Шел оствари најголем профит од своето основање

Компанијата објави профит од 39,9 милијарди долари во 2022 година.

Нафтениот и гасниот гигант Шел забележа рекорден профит од 39,9 милијарди долари во 2022 година, соопшти денеска компанијата, затворајќи ја бурната година во која порастот на цените на енергијата по руската инвазија на Украина им овозможи на акционерите да донесат невиден принос, пишува Ројтерс.

Цените на нафтата и гасот почнаа да растат по завршувањето на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирус, но по почетокот на војната во Украина тие дополнително се зголемија, а резултатот е огромен профит за енергетските компании.

Цената на суровата нафта „брент“ се искачи над 120 долари за барел во март 2022 година, но оттогаш падна. Цените на нафтата денеска се под нивото во споредба со периодот пред инвазијата на Украина.

Инаку, ова е најголемиот профит на Шел во последните 115 години, односно од основањето на компанијата, објави Би-Би-Си.