ШЕРОН СТОУН УДРИ ПО КОЛЕГИТЕ: Глумев со големи ѕвезди, а тие МРАЗАТ жени, само овие двајца актери не се такви!

Легендарната актерка Шерон Стоун (64) откри дека се соочила со мразачи на жени на филмските сетови од најголемите ѕвезди во бизнисот.

Ѕвездата на „Ниска страст“ во интервју за „Варајети“ нагласи дека само двајца легендарни актери не мразат жени – Џо Пеши (79) и Роберт Де Ниро (79), со кои работеше на филмот „Казино“ од 1995 година.

Џо Пеши, Роберт де Ниро

Напротив, тие беа многу пријатни на снимањето и не се однесуваа со омраза кон неа.

– Работев со голем број актерски ѕвезди и речиси сите ме корегираа и ми кажуваа како треба да постапам и што да правам – рекла актерката.

-Тие луѓе толку многу мразеа жени. Скоро сите, освен Роберт Де Ниро и Џо Пеши. Глумев со големи ѕвезди кои требаше да ми го објаснат целиот текст и постојано ми кажуваа што да правам. Притоа не слушаа што зборувам и воопшто не ми дозволуваа да влијаам на нивната изведба. НТоа не е добра глума – додала Шерон.

Џо Пеши, Роберт де Ниро

Актерката се пожалила и дека сите ја гледаат со презир и дека сака само „да биде присутна“.

– Мислам, разбирам дека се одлични и дека сите мислат дека се прекрасни и одлични. Но, ако барем малку се трудеа да ме слушнат и да бидат присутни, ќе беше хумано од нивна страна. Знам дека не сум најпопуларната актерка во градот и дека луѓето можеби нема да сакаат да го слушнат моето ебано мислење, но јас само сакав да бидам присутна во моментот – вели актерката.

Инаку, минатиот јуни таа откри дека изгубила девет деца. Таа додаде дека жените се охрабрени да чувствуваат дека загубата на бебе е „нешто што треба да го поднесуваат сами и тајно и со некакво чувство на неуспех“.

„Немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба“, додаде таа тогаш.