Шефот на озлогласените платеници снимил порака која нема да му се допадне на Путин: „Ако се повлечеме од Бахмут…“ (ВИДЕО)

Евгениј Пригожин, основачот и водачот на руската платеничка организација Вагнер, објави видео во кое вели дека целиот руски фронт ќе пропадне доколку неговите војници се повлечат од Бахмут.

„Денес Вагнер се однесува како цемент. Ние ги привлекуваме сите украински сили кон нас. Ги мелеме, ги уништуваме и не дозволуваме да се фокусираат на други области од фронтот. Од друга страна, ако одиме напред, другите мора да нè следат нас“, вели тој.

Тој додаде дека, во случај на повлекување на Вагнер, фронтот ќе се распадне до руската граница, па дури и може да се пресели во руска територија, а ситуацијата ќе биде непријатна за сите воени единици кои ги штитат руските интереси.

„Ако се повлечеме, ќе биде запишано во историјата дека го направивме првиот чекор на пораз во војната“, рече тој и предупреди на прашањето за недостиг на муниција.

„Ќе дојдат обични борци, со искривени тупаници, излупени нокти и долги бради и ќе ми речат:

„Шефе, можно ли е оваа приказна да не го допира Министерството за одбрана, или на уште повисоки позиции?”

Како да им објаснам на војниците дека банално е што имаме вакви проблеми.

Што ако сакаат да нè oстават и да кажат дека ние сме негативци и затоа не сакаат да ни дадат муниција и оружје, а ние не смееме да носиме засилување, вклучително и затвореници?’ “, заклучи Пригожин.