Шокантна прозивка од соиграчот! Кежман, на Светското првенство намерно доби црвен картон: Мангупе, те чекав пред хотел, не смееше да излезеш! (ФОТО/ВИДЕО)

Матеја Кежман намерно добил црвен картон на натпреварот меѓу Србија и Аргентина во 2006 година, според обвинувањата кои во моментов пристигаат на негова адреса.

Избувна војна меѓу Матеја Кежман и Данијел Љубоја!

Поранешните напаѓачи на српската репрезентација не се во најдобри односи, што се виде кога излезе автобиографијата на Кежман „Само Господ може да ме суди“, каде Матеја го осуди Данијел Љубоја.

Поранешниот ас даде опширно интервју за „Glas srpske“, а ние ви го пренесуваме делот за Матеј Кежман:

-Не сум често присутен во весниците, ниту сум се расправал и решавал проблеми преку нив, но морам овојпат да реагирам. Гледам дека моето име повторно се појавува. Мислев дека на таа сага е ставен крајот, но не. Не сакав да коментирам, но поради Кежман и неговите постови, Данијел Љубоја повторно се споменува во негативен контекст. Мислам дека е време да кажам нешто на оваа тема. Досега не сакав да ја рекламирам таа лажна автобиографија. Беа кажани многубројни лаги што се однесува до мене, како и некои други детали од книгата – ја започна приказната на Љубоја.

Потоа следуваа и тешки обвинувања:

– Ова е вистината. На Светското првенство во Германија во 2006 година, на натпреварот против Холандија, го заменив Кежман во 75. минута од натпреварот. Потоа ги загуби нервите и се плашеше дека ќе го загуби местото во стартниот состав, односно дека ќе имам предност пред него, па два дена пред мечот со Аргентина, на вечера пред сите играчи , почна да ме провоцира. Кажуваше некои работи кои не можев да ги разберам, во смисла дека ја расипувам атмосферата. Навистина ја премина границата. Во еден момент му реков да престане, но тој не престана. После тоа му реков да излезе надвор и да го решиме проблемот како вистински мажи. Немав друг избор, бидејќи тој навистина отиде предалеку. Тој рече дека нема проблем. Го чекав пред хотелот, но „големиот мангуп“ Кежман не излезе.

Завршната порака исто така беше брутална:

– А колку ја сака репрезентацијата говори фактот што на истото Светско првенство против Аргентина на 3:0 за нив намерно доби црвен картон и нè остави на цедило. Неговата цел беше да го напушти Светското првенство и да не го одигра последниот натпревар против Брегот на Слоновата Коска за да избегне критики.

Зошто во неговата Биографија не напиша дека не смее да излезе?

Мајсторе, ако напишеш автобиографија, тогаш кажуваш сè, а не половина вистина. Се помиривме по Светското првенство, но потоа излезе неговата автобиографија, по што ми испрати порака: „Прости ми брат“. Сега велам дека му простувам, бидејќи многу време помина, му посакувам сè најдобро, но секој оди по својот пат – заврши Љубоја.

Погледнете го црвениот картон (на 06.10) и проценете сами дали навистина имал таква намера: