Шокантна сцена од првиот тренинг на Шпанија:  Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид тренираа одвоено! Не се ни погледнаа во очи – големи тензии (видео)

Атмосферата во шпанската фудбалска репрезентација е доста напната, а тоа го покажуваат и последните настани.

Новиот тренер на Шпанија, Луис де ла Фуенте, веднаш на стартот на својот мандат на клупата на репрезентацијата се соочи со сериозен проблем – односот меѓу фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид е катастрофален.

На првиот тренинг на репрезентацијата кој се одржа само еден ден по дербито Ел Класико во кое Барселона победи со резлутат од 2:1, одвоено тренираа репрезентативците од двата најголеми шпански клуба.

На едната страна Гави и Балде, а на другата Начо, Карвахал и Себаљос. Мора да играат заедно, а на тренинг не се ни погледнуваат.

Да потсетиме, Шпанија на стартот од квалификациите за Европското првенство ќе ги одмери силите со Норвешка в сабота во Малага и три дена подоцна заминува на гости кај Шокотска, а се очекува во средниот ред да играат Гави и Себаљос. Ќе биде исклучително интересно да се види како ќе функционира шпанската фудбалска репрезентација.