ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА НА ПРИЈАТЕЛОТ НА АРКАН! Откриено колку луѓе убил, за секое убиство добил подарок од ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Аркан добил 16 пиштоли од поранешната сојузна управа за државна безбедност (УДБА).

Во емисијата „Гол живот“ на Миломир Мариќ, бизнисменот Драган Вујичиќ Бего, пријател на Жељко Ражнатовиќ Аркан , изнесе шокантни тврдења дека Аркан добил 16 пиштоли од поранешната сојузна Управа за државна безбедност (УДБА), по еден за секое лице што го убил. 

Инаку, Драган Вујичиќ Бего бил поврзан и со Земунскиот клан во полициската акција „Сабја“. „ Се беше за безбедноста. Не знам дали е добро се да кажам? Аркана ја зеде УДБА. Ми рече дека добил 16 пиштоли на подарок. „А кои 16?“ го прашав. „Па за секој кој го убив, добив “, ми рече Аркан. Ми кажа како државата знаела да го почитува. Каде и да отишол, го чекал друг пасош, пари…“, изјави претходно Вујичиќ.

Вујичиќ му признал на Мариќ дека отпатувал во Црна Гора по наредба на Аркан да го следи. Тоа беше во периодот кога Аркан му се закануваше на Мариќ дека ќе го убие за шест месеци! „ Аркан се налутил затоа што во весникот „Профил“ напишал дека за малку сакал да го убие својот татко . Имало некаква инфузија, болница… И дека наводно ја извадил таа инфузија од татко му за да умре . Беше многу лут тогаш „Ќе му ја е*aм мајката“, рекол Аркан за тебе“, му рекол Вујичиќ на Мариќ.

На прашањето на водителот дали сака да го убие, гостинот одговорил:  „Тој прв ден да… после се олади “.