ШОК ИЗЈАВА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ГИ ОСТАВИ СИТЕ БЕЗ ТЕКСТ: Шојгу го прашале кога ќе заврши војната во Украина, а видеото НАСКОРО ИСЧЕЗНА од сајтот! (ВИДЕО)

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во интервју за ТВ Звезда на руското Министерство за одбрана беше прашан како ќе заврши војната, на што тој одговори: „Секоја војна завршува со мир“.

Но, кога еден новинар прашал колку брзо може да се очекува мир во Украина, Шојгу не одговорил на прашањето и ја напуштил просторијата.

Иако ТВ Звезда прво ја пушти снимката од заминувањето на министерот за одбрана, таа беше исечена во подоцнежна објава.

Западните аналитичари велат дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно планира да ја одолговлекува војната што е можно подолго со надеж дека поддршката на Западот за Украина ќе опадне.