ШОК – ФИФА ГО ОДЗЕМА ДОМАЌИНСТВОТО НА СП: Хаос настанал поради една репрезентација, ждрепката е откажана!

На само неколку месеци пред Мундијалот, ФИФА ја промени одлуката!

ФИФА одлучи да ја повлече организацијата на Светското првенство за играчи до 20 години од Индонезија! Домаќин на ова натпреварување годинава требаше да биде најнаселената муслиманска земја во светот, но по средбата на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино , и претседателот на Фудбалската асоцијација на Индонезија, Ерик Торо , тој план беше променет!

Прво, ждрепката закажана за 31 март беше одложена, а се започна поради барањата на Индонезија и Ирак да не дозволат израелскиот тим да не биде во групата со своите селекции. Дури имаше и протести на улиците на Индонезија поради можноста оваа селекција да игра против Израел, па на крајот Индонезија беше лишена од домаќинството.

Со оглед на тоа што Светското првенство за млади се одржува од 20 мај до 11 јуни, се помалку има време за ждрепката и за пронаоѓање на нов организатор, па се очекува ФИФА да го објави во најбрз можен рок. 

„И покрај нашата одлука, ФИФА останува на својата одлука да му помогне на Фудбалскиот сојуз на Индонезија, заедно со Владата на претседателот Видодо, да го продолжат процесот на трансформирање на националниот фудбал по трагедијата што се случи во октомври 2022 година“, се вели во соопштението на ФИФ .

Настанот, кој ФИФА го нарекува најсмртоносната несреќа во историјата на спортот на Индонезија, при што илјадници навивачи во Маланг истрчаа на теренот, судејќи се со полицијата која одговори со насилство и солзавец. Следуваше вистински масакр и загинаа над 130 луѓе.

На ова Светско првенство освен Израел игра и Бразил. Колумбија, Доминиканска Република, Еквадор, Англија, Фиџи, Франција, Гватемала, Хондурас, Италија, Нов Зеланд, Словачка, САД и Уругвај, па ќе видиме кој ќе се квалификува како нов домаќин.