Шпанија ќе добие нови биометриски скенери на аеродромите

Новата биометриска опрема, како и целиот безбедносен систем за сите аеродроми со кои управува „Аена“, треба да ја чини компанијата најмалку 1,17 милијарди евра.

Шпанскиот аеродромски оператор Aena планира да купи нови биометриски скенери кои ќе им овозможат на патниците полесно и побрзо да минуваат низ контролните пунктови, при што електронските уреди и течностите повеќе нема да се отстрануваат од рачниот багаж, пренесува Reuters.

Новата биометриска опрема, како и целиот безбедносен систем за сите аеродроми на овој оператор, треба да ја чини компанијата најмалку 1,17 милијарди евра.

Британците го сакаат истото решение

„Новата биометриска технологија ќе може да генерира 3Д слики“, изјавија претставниците на Aena.

Се очекува Aena да ги инсталира своите терминали до 2028 година, а нови уреди би можеле да се најдат на некои аеродроми до крајот на 2023 година, јави Танјуг.

И властите во Велика Британија им наредија на аеродромските оператори да инсталираат такви уреди до 2024 година.