Штипскиот универзитет ќе ја продолжи сесијата или ќе овозможи вонредна за странските студенти кои ќе заминат во родната Турција

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип изразува длабоко жалење за состојбата во Турција, последица од катастрофалниот земјотрес од 6 февруари.

Универзитетот ги охрабрува студентите кои чувствуваат потреба да заминат во Турција да го сторат тоа бидејќи ова се моменти кога треба да бидете заедно со вашите семејства, стои во соопштението на веб-страницата на УГД-Штип.

-Ги информираме сите наши студенти кои доаѓаат од области во Р. Турција, кои беа погодени со катастрофалниот земјотрес, кои имаат пријавено испити во тековната февруарска испитна сесија, а се уште ги немаат реализирано испитите, дека Универзитет „Гоце Делчев“-Штип  ќе овозможи услови за продолжување на сесијата или организирање дополнителна вонредна сесија, доколку за тоа се јави потреба. За реализација на оваа активност потребно е студентите кои ќе заминат во Р. Турција, да пополнат пријава на следниот линк:  https://forms.office.com/e/YmH85w7cpX , се вели во соопштението на УГД-Штип.

На факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ студираат околу 1200 странски студенти, од кои поголемиот дел се од Турција.