ШТО ИМ ТРЕБАШЕ ОВА ?! Ако го гледате YouTube на вашиот телевизор, имаме лоши вести – Се работи за рекламите

Навистина не им требаше ова

Како дел од својата конференција Brandcast 2023, YouTube им објави на огласувачите нов формат на реклама достапен на платформата: 30 секунди не може да се прескокнува – само за ТВ екрани

YouTube има повеќе од две милијарди корисници и се чини дека сакаат уште повеќе да ја искористат таа корисничка база со вметнување реклами што не можат да се прескокнат или блокираат и да траат дури 30 секунди.

 

30 секунди без прескокнување

Нов чекор во истата насока беше најавен на конференцијата Brandcast 2023 на YouTube оваа недела. Таму, имено, на огласувачите им беше претставен нов план, кој на вклучените во проектот YouTube Select ќе им понуди да постават полуминутни реклами на почетокот на видеото. Наместо досегашната можност за поставување на две различни реклами во траење од по 15 секунди, огласувачите ќе можат да пласираат една, во времетраење од 30 секунди, која гледачите нема да можат да ја прескокнат.

Овој „додаток за корисничкото искуство“ YouTube ќе го донесе првенствено на големите екрани, што значи дека гледачите кои го гледаат YouTube на нивните телевизори ќе имаат можност да го искусат. Таму, всушност, ретко кој има активиран систем за блокирање реклами, па затоа YouTube вели дека рекламите од програмата YouTube Select се фокусираат на тој сегмент, каде што собираат над 70 проценти од импресиите, пренесува Bug.hr.

За да не застане само на продолжување на времетраењето на неизбежните реклами, маркетинг тимот на YouTube излезе со уште еден детал.
Кога ТВ гледачот ја паузира содржината што ја гледа, на екранот ќе се прикаже реклама.

Ова „одлично корисничко искуство“, како што го нарекуваат, ќе ја зголеми изложеноста на гледачите на реклами. Меѓутоа, како што вели YouTube, ако рекламите се премногу за вас, секогаш можете да се претплатите на YouTube Premium и нема да ги има.