Што направи за да го заслужи тоа!? Сенидах побегна во Мексико! (ФОТО+ВИДЕО)

Сенидах деновиве е на насловните страници низ регионот. Објавен е полицискиот извештај на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, во кој се тврди дека требало да биде повредена или да биде посипана со киселина.

– Не сакам да навлегувам во тој инцидент, тоа е работа на Сенида и нејзино останува да ги открие деталите за тоа – велат од менаџерскиот тим на словенечката пејачка.

Балканската трап дива, како што ја нарекуваат многу обожаватели, моментално одмара во мексиканскиот град Акапулко.

– Таа сега е на годишен одмор – соопшти нејзиниот тим.

Судејќи по фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи, таа ужива на базен, додека се објавува полициски извештај кој открива дека осомничените Адмир Арнаутовиќ, Аднан Маглиќ и нивната група планирале да ја нападнат или повредат.

Во извештајот се наведува дека неколку пати, користејќи ја апликацијата Sky Ecc, планирале и охрабрувале луѓе кои им се познати, да ја тепаат, повредат или да и’ истураат киселина на лицето на Сенида, за време на нејзиниот престој во Сараево. Тие не ја прецизираа точната година на инцидентот.

Инаку, Адмир е поранешен менаџер на оваа пејачка, а соработувал и со познатите рапери Буба Корели и Јала Брат.

Во 2014 година Адмир или како што го нарекуваат ,,Шмрк” е осуден на три години затвор поради дилање дрога. Во 2017 година, не долго откако излезе од затвор, едвај преживеа напад од неговата поранешна сопруга Емина викана Минка.

,,Шмрк” е во затвор од септември минатата година, а беше уапсен во акцијата „Бумеранг“.