ШТО НЕ ОЧЕКУВА ВО 2023 ГОДИНА? Живиот Нострадамус ја прeдвидува(ше) Третата светска војна: Дали ексцентричен милијардер ќе го предизвика Антихристот!?

Атос вели дека мобилниот телефон е можен Антихрист, означувајќи го неговото враќање преку технологијата, а не лично

Ако Илон Маск е витезот Темплар кој го брани новиот поредок, кој или, подобро кажано, што би можел да биде Антихристот? Ова е прашањето кое го поставува таканаречениот жив Нострадамус, пишува дневниот весник Стар.

Живиот Нострадамус верува дека Третата светска војна може да биде предизвикана од борбата на Илон Маск против Антихристот. Истражувачот на паранормалности, Атос Саломе (36) изјави за Дејли Стар дека Маск би можел да биде витез Темплар и предвиде дека Антихристот ќе се врати во 2023 година. Тој тврди дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, ќе му стане заколнат непријател на Маск.

Во јануари 2019 година, Кирил рече дека ја повикал јавноста да биде внимателна кога го користи „мобилниот интернет“ бидејќи тој претставува „можност да се постигне глобална контрола над човечката раса“. „Антихристот е личноста која ќе биде на чело на Интернет, контролирајќи го целото човештво“, рече тој тогаш.

Атос сега вели дека психијатрите веќе го посочуваат мобилниот телефон како можен Антихрист на модерната ера, означувајќи го неговото враќање преку технологија, а не преку личност. Тој продолжува да ја цитира психијатарката Ана Беатрис Барбоса која за бразилски подкаст изјави дека во апокалипсата пишува дека луѓето ќе бидат мирно доминирани и обележани со белег на нивните чела и дланки.

Ана објасни дека овој знак може да се толкува како самиот мобилен телефон, бидејќи уредот, кога ќе се стави на дланка, ја рефлектира својата светлина токму во центарот на челото.

Антихристот ќе дојде од држава во држава?

Зборувајќи за тоа како милијардерот Маск има револуционерна технологија, Атос изјави за Дејли Стар: „Запомнете дека минатата година, кога моето пророштво укажа на овој претприемач, предупредив на можноста човештвото, во новиот поредок, да го брани витез Темплар кој би можел да се бори против таканаречениот Антихрист. Вреди да се потсетиме дека мисијата на витезите Темплари, поставена од монасите воини, била да го заштитат населението кое сакало да стигне до Светата земја. Но, ако Илон Маск е витез Темплари, тогаш кој ќе биде Антихристот?“

Атос нагласува дека Антихристот ќе дојде од држава во друга држава, како што е Рим. Тој смета дека материјализацијата на оваа митска фигура би можела да дојде од новите технологии, вештачката интелигенција и роботиката. „Сите неодамнешни настани во светот, од пандемијата на коронавирус до геноцидот во Иран, се некако меѓусебно поврзани“, рече Атос.

Атос додаде: „Моите визии и предвидувања се засноваат на науката и наследството на моите предци. Науката не го одобрува паранормалното, но докажува дека технолошката наука е иста работа што се користи на различни начини. Вклучувајќи ја и кабалата, која носи најголеми мистериите и просперитетот на универзумот. Едноставно е, моќта е во вас“.