ШТО ПРАВЕЛО ДЕТЕТО-МОНСТРУМ УТРОТО ПРЕД МАСАКАРОТ !? Неговата мајка дала детална изјава во полиција, но клучното прашање кое ги мачи Србите останува: Колку може да и се верува !?

Мајката на Коста К., момчето кое уби девет ученици и еден чувар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, вчера дала изјава во полиција. Таа детално зборувала за детството на нејзиниот син, за неговиот однос со врсниците и семејството, за здравјето на момчето… Мајката зборувала и за деновите пред страшниот чин, како и за самото утро пред момчето да изврши вистински масакар.

За потсетување, се прават напори да се утврди дали М.К. го запоставила или злоставувала синот и во тој случај би можела да добие затворска казна до три години.

Коста К.

Српскиот весник Blic.rs пишува дека мајката го опишала Коста К. како паметен, а немала индикации дека тој може да направи вакво нешто. Во продолжение на истрагата, обвинителството ќе се обиде да открие дали е тоа вистина.

Пет дена пред масовното убиство момчето со пријател и мајка му бил надвор од градот на 1. мај, а потоа се вратил назад во Белград.

Мајката кажала дека момчето се вратило во Белград со пријател заедно со неа, додека таа, нејзиниот сопруг и ќерка им биле во друго возило. Момчето, вели таа, дошло дома еден час пред нив, а кога дошол остатокот од семејството се туширал. Мајката тврди дека не забележала промени во неговото однесување“, кажал соговорникот на српскиот весник и додал дека следниот ден момчето и неговата сестра не оделе на училиште туку биле кај нивните баба и дедо.

Мајката се сеќава дека момчето во еден момент отишло во продавница да купи намирници, но и тој ден не видела ништо чудно во неговото однесување. Наводно со родителите разговарал за филмот што го гледале и за други теми кои го интересираат“, додал изворот на Blic.rs.

На денот на масовното убиство, 3. мај, мајката им приготвила појадок на децата и ги разбудила, а ниту тогаш не забележала ништо чудно кај момчето, освен што бил малку бавен кога појадувал и се подготвувал за училиште.

Момчето наводно и рекол на мајка си да не се грижи, бидејќи учителката знае да доцни. Мајката тврди дека потоа отишла да ја однесе ќерка си на училиште, а момчето останало дома и самото се подготвувало“, вели изворот на споменатиот весник.

Само еден час подоцна дошло до пукање во училиштето. Мајката тогаш помислила дека нејзиниот син е повреден и отишла во училиштето каде дознала дека тој пукал.

Мајката вели дека била вознемирена, дека сè уште и е тешко да поверува дека нејзиниот син го направил ова и инсистира на тоа дека нема ништо што укажува на тоа. Таа истакна дека и самата плаче за објаснување и одговори“, тврди изворот на весникот.

Говорејќи за воспитувањето на Коста, неговата мајка го опишала како дете со широки интереси. Не бил импулсивен или енергичен, бил љубопитен и сакал долги и слатки прегратки. Последните години незадоволството го покажувал со плачење, а бил поблизок со мајка си отколку со татко му. За децата од раѓање се грижела дадилка која никогаш не се жалела на него.

Одредени промени настанале кога момчето влегло во пубертет, но мајката тоа не го сметала за драматично. На почетокот на годината почнал да се изолира во својата соба. Не ја заклучувал вратата, но сакал сестра му да ја напушти собата. Почнал да се заклучува во бањата, а често имале расправии поради неуредна просторија или неизвршување училишни задачи.

Мајката кажала дека го казнила момчето со тоа што му забранила да користи телефон. Таа исто така посочила дека не го тепала, освен, можеби, еднаш кога бил помал. Таа истакнала дека момчето долго време не го вклучило компјутерот со кој играл игри со другарите за време на пандемијата. Во исто време, тој еднаш се пожалил на мајка си дека поради расправија бил исфрлен од врсничката група во која играле заедно. На мобилниот телефон ги користел апликациите Инстаграм, Снепчет, Јутјуб и Тик Ток, а мајка му претходно го проверувала телефонот“, вели извор на весникот запознаен со случајот.

Во второто полугодие добивал полоши оценки на училиште и бил помалку заинтересиран, но тогаш и рекол на мајка си дека се е под контрола. Никој во училиштето не ѝ го привлекол вниманието на фактот дека момчето можеби се однесува чудно, освен тоа што имало специфични интереси во споредба со другите деца.

Таа раскажала за настан кој се случил во шесто одделение, кога некои другари не го поканиле на роденден. На мајката тогаш класниот раководител и кажал дека мислела дека другите деца му љубоморат затоа што е подобар ученик.

Таа кажа дека нејзиниот син се жалел дека децата го задеваат, бидејќи многу чита и не знае добро да игра фудбал. Во тој период момчето барало да ја смени смената кога ќе почнел во седмо одделение, бидејќи околината не му одговарала. Тоа го направиле, како што рекла, а мајката тврди дека во текот на летото момчето почнало интензивно да се дружи со другите деца и било позадоволно од порано. Тој дури напишал и композиција за неговата храброст да ја промени средината“, тврди изворот.

По јазичниот камп во Франција се дружел со девојчињата, а класниот раководител и испратил порака на мајка си во која и честитала и порачала дека нејзините деца се убави.

Таа се осврнала и на тоа дека татко му го однел на стрелиште и го научил да пука. Мислел, вели мајка му, дека треба да се запознае со опасностите од оружјето бидејќи и самиот имал негативно искуство во младоста.

Мајката тврди дека не се согласувала момчето да оди на стрелиште, но дека не се сомневала во размислувањето на нејзиниот сопруг, како татко, и во неговите добри намери. Таа додала дека нејзиниот сопруг сакал да му укаже на опасноста од оружјето на нејзиниот син, а притоа да му покаже како функционираат, токму за да не му биде предизвик оружјето“, рекла мајката и додала дека слушнала дека и другите деца оделе во стрелиштето.

Таа на почетокот и на крајот на сведочењето во полиција изјавила дека е уништена од болката на децата и родителите, а верувала дека истото го чувствува и таткото на момчето и им изразила сочувство на семејствата на убиените.