Што се случувало зад затворените врати на гламурозната свадба на принцот Хари и Меган Маркл !? Познатиот актер откри сочни детали: “Беше диво…“

Познатиот британски актер Идрис Елба ги откри деталите од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, каде што тој беше задолжен за пуштање на музика.

Свадбата на Меган Маркл и принцот Хари беше една од оние на кои беа насочени погледите на речиси целиот свет, но малкумина имаа можност да бидат сведоци на она што се случуваше зад камерите, особено на приватната прослава во 2018 година.

Меѓу гостите беше и актерот Идрис Елба, кој токму сега откри неколку интересни детали, а според него Меган дала се на подиумот. Така барем тврди Идрис, кој откри како било на бурната забава и што се случувало зад камерите до доцна во ноќта.

Идрис Елба

Инаку, принцот Хари конкретно побарал од него да биде диџеј на приемот во Фрогмор Хаус, каде што се одржа забавата. Воедно изјави дека Меган најмногу уживала и се опуштила од сите присутни гости.

Мислам дека Меган беше таа што навистина се најмногу опушти. Знаете, таа беше главна, дива, многу се забавуваше. Тоа беше нејзина свадба, па затоа и најдобро се забавуваше“, изјавил актерот за ET Canada.

Идрис го запознал Хари само некое време пред венчавката, а претходно актерот на познатата ТВ водителка Елен Деџенерис и признал дека мислел дека се шегува кога го замолил да биде диџеј.

Тоа беше неверојатно искуство, таа вечер ја подготвував музиката само за нив. Чувствував голем притисок, но беше одлично“, изјави тогаш тој.

Меѓу познатите гости на приватната забава беа Опра Винфри, Дејвид и Викторија Бекам, Амал и Џорџ Клуни, Сер Елтон Џон, Џос Стоун и многу други.