Што се случува во Турција? Ненадејно се отвори мистериозен кратер, тврдат експерти: Нема врска со земјотрес (ВИДЕО)

Кратер длабок меѓу 12 и 15 метри и пречник од 100 метри ненадејно се формирал во поле во градот Карапинар во турската провинција Коња – јавува Анадолија.

Кратерот го откриле локалните жители. Јусуф Гултекин, кој живее таму, рече дека кратерот најверојатно настанал пред неколку дена. Тој додаде дека овие дупки често се појавуваат во областа и дека мештаните се навикнати на тоа.

“Земјотресот од 6 февруари или последователните потреси немаат никаква врска со дупката, која се чини дека се формирала претходните денови. Не можевме да утврдиме зошто. Можеби земјата уште порано се подготвувала да пропадне, но доколку навистина била поврзана со земјотресот, дупката немало да се отвори 20 дена подоцна – рекол Арик, а пренесува порталот „yenikonya“.

Тој рекол дека земјотресите или последователните потреси не влијаат на формирањето, освен за време на самиот земјотрес.

  • Има места во светот каде што се создадени слични кратери, но не успеавме да воспоставиме никаква врска со земјотресот – додаде тој.