Што се случува со кожата ако носите нова, неиспрана облека?

Иако едвај чекате да ги облечете вашите нова кошули и фармерки по шопингот, подобро е да се стрпите и најпрвин да ја исперете облеката.

Носењето облека пред да ја исперете, предупредуваат експерти, може да доведе до проблеми со кожата. Иако новата облека може да изгледа чисто, всушност може да биде штетна за вашето здравје поради токсините кои се наоѓаат во неа.

Ли В. Џонсон, основач на компанијата за машка облека Old Bull Lee објаснува дека повеќето фабрики за производство на облека се наоѓаат во урбани индустриски подрачја, а со самото тоа воздухот во таквите фабрики е со лош квалитет.

„Во воздухот има многу индустриски загадувачи кои можат да се таложат на облеката во текот на производство. Облеката што ја купувате можеби изгледа чисто, но на неа може да се наоѓаат многу невидливи работи“, предупредува Џонсон.

Притоа посебно истакнува кои опасни хемикалии се користат во производство: олово – често се наоѓа во пигментите на боите, формалдехид – познат канцероген кој често се користи во производство на облека за да се спречи туткање, ПФЦ- се користи кај изработка на водоотпорна облека и слично.

Дерматолозите предупредуваат и на внимателност поради кинолин, хемикалија која во високи концентрации често се наоѓа во полиестер, а може да предизвика алергиски дерматитис и е поврзана со зголемен ризик од канцер.

Како да ги отстраните токсините од новата облека?

Сите хемикалии од облеката многу едноставно може да ги отстраните со рачно или машинско перење пред првото носење.

„Брзото рачно перење со малку детергент е се што е потребно за да ги отстраните хемикалиите од облеката пред да дојде во допир со кожата“, заклучува дерматологот Азаде Ширази.