Што се случува со Путин!? Претседателот на Русија повторно се сретна со Лукашенко, но социјалните мрежи ,,гореа” поради ногата на Путин (ФОТО/ВИДЕО)

Не престануваат гласините за можното нарушено здравје на рускиот претседател и иницијатор на инвазијата на Украина, Владимир Путин.

Објавена е нова снимка од средбата на Путин со белорускиот претседател Александар Лукашенко. На видеата се гледа необичната положба на нозете на рускиот претседател.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Некои корисници се прашуваа дали рускиот претседател боледува од Паркинсонова болест или испраќа сигнали користејќи Морзеова шифра.

Еден корисник напишал дека седум години се грижел за својот татко, кој на крајот починал од Паркинсонова болест и дека, според него, ова дефинитивно изгледа како почетна фаза на оваа тешка болест.

Сепак, Русија негира какви било здравствени проблеми на нејзиниот претседател, физички и психички.