Ѓоковиќ во прегратка на една од најубавите српски актерки!  Новак ја посети Србија, па отиде во театар и ја воодушеви публиката но и актерите (фото)

Претходната вечер српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше на претставата „Три киселица“ и ја изненади присутната публика во Србија, но и актерите.

Наташа Нинковиќ, една од нашите најубави актерки од соседна Србија, целосно се воодушевила кога го здогледала познатиот тенисер и веднаш ја искористила можноста да се фотографира со најдобриот тенисер во светот.

Овој човек засекогаш и секогаш. Наш специјален гостин“, напиша таа во објавата на социјалната мрежа Инстаграм.

Наташа Нинковиќ и Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Србија, каде заедно со семејството го прослави раѓањето на неговиот внук, синот на неговиот најмлад брат Ѓорѓе Ѓоковиќ и снаата Сашка Веселинов.