ЃОКОВИЌ ГРАДИ ОГРОМНА ИМПЕРИЈА ВО ДУБАИ – Србинот инвестира во една од најатрактивните локации во светот, најави вистинско чудо!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не доби можност да се натпреварува на турнирите во Соединетите Американски Држави (САД), па затоа слободното време го искористи за службено патување во Дубаи.

По тој повод, Новак даде опширно интервју за CNN во кое зборуваше за кариерата, плановите на теренот, но и надвор од него.

Прекрасно е што ве гледам, како и секогаш, ваше височество шеик Хамдан. Нека ви е со среќа вас и на вашиот тим на „владините игри“, сметајте на мене следната година“, кажал Новак кога се фотографирал со шеикот од Дубаи, каде бил присутен и шеикот Калфан Белхул, управен директор на Фондацијата „Dubai Future“.

Фотографиите укажуваа дека станува збор за деловни средби, а тоа го потврди и самиот Ѓоковиќ. Имено тој вели дека идејата да се инвестира во старт-ап е одлична, бидејќи тој ужива во процесот на градење на нешто од темел.

Научив многу лекции од тоа искуство и ја сакам возбудата да градам нешто од нула и навистина да го правам тоа од нула. Можам да направам паралела со мојот живот и мојата кариера со овој процес на градење поединец, земајќи ги предвид сите чекори, а потоа кога ќе видите дека се реализира е нешто навистина возбудливо“, изјавил Србинот за споменатиот медиум.

Ѓоковиќ формираше деловен тим кој ќе се занимава со инвестирање во Обединетите Арапски Емирати и најави дека примарна база ќе биде Дубаи, нема сомнеж дека тоа сигурно ќе биде голема бизнис империја.

Додека зборуваме, мојот деловен тим гледа на различни локации за да формира фонд за ризичен капитал. Како што реков, и Дубаи е веројатно одличен за тоа. Дубаи е многу важен за мене како тенисер. Го користев Дубаи како база за обука, како туристичка дестинација и сега сакам да ја истражам можноста Дубаи да биде место за деловни инвестиции“, објаснил Новак.