Ѓоковиќ испрати порака во Турција: „Останете силни во ова тешко време“ (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, како и целиот свет, се сочувствува со трагедијата што го погоди турскиот и сирискиот народ по разорните земјотреси што ги погодија тие земји.

Во видеото е и турскиот фудбалер Јусуф Емре Ѓултекин кој игра за Самсунспор во Турција, преку чиј профил на социјалните мрежи е објавено ова видео.

– ,,Здраво на сите, јас сум тука со мојот пријател Јусуф во Белград и би сакал да ги испратам моите најдобри желби и поздрави до луѓето во Турција кои минуваат низ многу тешки времиња. Ги видов фотографиите, ги видов снимките од последиците од разорниот земјотрес за сите семејства и луѓе. Моето срце и моите мисли се со сите вам и се надевам дека луѓето ќе останат силни и ќе закрепнат заедно многу брзо. Најдобри желби и останете силни” – изјави Новак Ѓоковиќ.

Според последните информации, повеќе од 33.000 луѓе загинале, а уште повеќе се под урнатините на градовите и населбите кои беа најтешко погодени од земјотресите што се случија во понеделникот.