Ѓоковиќ не може да му парира, Федерер е единствениот ТЕНИСКИ МИЛИЈАРДЕР: Добива пари од тенис иако не го игра

Роџер Федерер е единствениот милијардер во тенисот и сето тоа е поради еден одличен деловен потег.

Во 2018 година, Федерер беше најдобриот тенисер во светот, веројатно на сите времиња. 

Имаше најмногу грен слем титули и беше најпопуларниот играч на АТП турнејата. 

Швајцарецот тогаш побарал од компанијата „Најк“ да го удвои неговиот годишен договор, според кој тој заработувал 10 милиони долари. 

„Најк“ имаше проблем со тоа, бидејќи во договорот беа Рафаел Надал, како и Серена Вилијамс, Марија Шарапова и многу други. 

Затоа Федерер го раскина договорот со нив, бидејќи не сакаа да му ги удвојат парите, па го шокираше светот. 

Тој потпиша десетгодишен договор со јапонскиот бренд Uniqlo за 300 милиони долари. 

Две ставки во договорот беа посебни. Немаше клаузула за откажување, па Федерер можеше да се пензионира кога сака и договорот ќе продолжи да важи. Друга работа е што договорот се базираше само на облека, а не на чевли. 

Поради ова, Федерер играше во патики „Најк“ уште неколку години, а потоа потпиша договор со компанијата „ОN RUNNING“ и побара 3% сопственост на компанијата. 

Кога оваа компанија процвета, вредеше 10 милијарди долари, а Федерер доби 300 милиони од тоа. 

Сè на сè, Федерер заработил 600 милиони долари само поради заминувањето од Најк.