Ѓоковиќ: Според околностите, ова е најголемата победа во мојот живот, само тимот и семејството знаат низ што минавме во последните 4-5 недели

 Новак Ѓоковиќ проговори за тоа колку е значајна за него неговата 10. победа на Австралија опен.

– Морам да кажам дека ова беше еден од најтешките турнири во мојот живот. Не играв минатата година и се вратив оваа. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме примија, ми направија да се чувствувам удобно во Мелбурн и Австралија. Само мојот тим и семејството знаат низ што минавме во последните четири или пет недели. И би рекол дека, со оглед на околностите, ова е најголемата победа во мојот живот, рече Ѓоковиќ.

Србинот денес ја освои 10. титула на Австралија опен, 22. на Грен слем турнирите и 93. во неговата кариера.

По триумфот во Мелбурн, Ѓоковиќ од утре се враќа на првото место на АТП ранг-листата.