ЈАВЕН АПЕЛ ЗА ПОМОШ – Македонската ријалити ѕвезда Тара Симов се огласи и откри со каков проблем се соочува за време на бременоста

Поранешната македонска учесничка во реалното шоу „Задруга“, Тара Симов е во очајна состојба, а наскоро ќе стане мајка на девојче.

Таа не ја крие среќата за бременоста, а среќната вест неодамна ја сподели со своите следбеници со објава на социјалните мрежи.

Недолго потоа Тара и нејзиниот партнер дознале дека таа носи девојче, а радоста по повод настанот ја прославиле со своите пријатели.

Тара Симов заедно со нејзиното момче

Сепак, она што ги загрижи сите е најновата објава на Тара на социјалната мрежа Инстаграм каде таа откри дека во бременоста се справувала со камења во бубрезите, па ја искористи приликата да ги праша своите следбеници за совет и искуства.

Камења во бубрезите за време на бременост, искуства ? Ќе умрам“, напиша Тара Симов во објавата на социјалната мрежа Инстаграм.