Јавниот радиодифузен сервис на Турција ја лансираше ТРТ Африка

Турскиот јавен радиодифузен сервис ТРТ лансираше нова дигитална платформа за вести, ТРТ Африка, за да ги истакне приказните за и од континентот до глобалната публика на четири јазици: свахили, англиски, хауса и француски, јави ТРТ Балкан.

Каналот почна да емитува во петокот за време на вториот ден од „Првиот радиодифузен самит“ организиран од ТРТ и Африканската унија за радиодифузија во Истанбул. Тридневниот самит започна на 30 март.

Во согласност со целите на ТРТ за непристрасно и инклузивно новинарство, ТРТ Африка ќе и’ обезбеди на својата публика алтернативен наратив за Африка и ќе прикажува глобални приказни од значење за континентот со богати, навремени и избалансирани информации.

Исто така, ќе им даде глас на приказните од Африка и Африканците во дијаспората, ставајќи го уникатниот спој на нивните основни вредности во срцето на настаните во светот.

Со персонал од 15 земји на континентот, дигиталната цел на ТРТ Африка е да стане доверлив извор за вести на континентот, со глобални приказни значајни за африканската публика и производство на висококвалитетна содржина за глобално поврзаните млади на социјалните медиуми.

Има за цел да обезбеди уникатна дигитална содржина, ексклузивни приказни, истражувања и документарни филмови за локални африкански прашања за африканската и глобалната публика и да ги задоволи потребите за информации на африканската дијаспора ширум светот.

ТРТ Африка ќе биде активна во десетици африкански земји од Гамбија до Мароко, Нигерија до Камерун. На овој начин, тој исто така ја проширува долгогодишната посветеност на Туркије кон Африка, обезбедувајќи платформа за африканските гласови да се слушнат и слават низ целиот свет.

ТРТ Африка е најновиот член на семејството на ТРТ што ги вклучува ТРТ Ворлд (TRT World), ТРТ Арапски (TRT Arabic), ТРТ Руски (TRT Russian), ТРТ Германски (TRT Deutsch), ТРТ Француски (TRT Français) и ТРТ Балкан (TRT Balkan) – сите индивидуално и колективно носат различни гласови и перспективи до глобалната публика.

Самит на ТРТ Африка

Директорот за комуникации на претседателството на Турција, Фахретин Алтун, генералниот директор на ТРТ Мехмет Захид Собачи и високиот менаџер на Африканската радиодифузна унија Грегоар Нџака во петокот одржаа воведни говори за ТРТ Африка.

На првиот ден од самитот во четвртокот, претставниците на Африканската радиодифузна унија дебатираа на тема „Кон одржлива иднина: Преобликување на јавниот радиодифузен сервис“.

Најмалку 23 новинари од 16 африкански земји исто така беа обучени на теми како што се „Промена на медиумите за време на пандемијата“, „Придонес на технологијата во промената на новинарството“ и „Алатки што треба да се користат против западниот етноцентричен пристап“.

Подоцна во петок, на самитот ќе има разговори на теми како што се: „Односите меѓу Африка и Турција во огледало на медиумите на јавниот сервис: Заедничка визија и идни предизвици“, „Како може африканските и турските јавни медиуми да останат одржливи во дигиталната ера? ” и „Променливото лице на глобалните вести: Заедничко за поправеден свет“.

Ќе продолжи со панели на тема „Раскажување африкански приказни со визија“.