Јадењето доцна навечер е поштетно отколку што мислевме порано

Вообичаено е да јадете различна храна доцна навечер, особено кога сте поканиле пријатели и гледате ТВ-шоу.

Но, здравствените експерти ги предупредуваат луѓето да ја избегнуваат оваа појава бидејќи јадењето во текот на ноќта може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Сузан Језек-Ариага покажа дека луѓето често имаат тенденција да јадат нездрава храна полна со шеќер, сол и масти на полноќ. Луѓето ретко јадат овошје или зеленчук навечер, пренесува Телеграфи.

Покрај тоа што консумирањето таква храна предизвикува зголемување на телесната тежина, според една данска студија, јадењето доцна во ноќта може да предизвика голем број здравствени проблеми, вклучувајќи рефлукс на киселина и рак на хранопроводникот.

Дополнително, континуираното јадење храна во доцните вечерни часови го нарушува системот за спиење.