Јана Белчева се бори против бетонизација на скопски Центар за нејзиното семејство да го бетонизира скопски Центар?

Додека од една страна „жестоко се бори“ против изградба на згради во центарот на Скопје, бидејќи не биле по мерка на жителите, се уништувало зеленилото, нејзината сестра, баш по „мерка на центарци“ гради станбена зграда кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“.

Јана Белчева, советник во Град Скопје од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, која годиниве наназад се профилираше и како гласен активист против бетонизацијата на центарот на главниот град и обезбедување услови за хумано живеење, молчи пред личниот интерес на членови на нејзиното семејство.

Така, додека од една страна наводно „жестоко се бори“ против изградба на згради во центарот на Скопје, бидејќи не биле по мерка на жителите, се уништувало зеленилото, се деградирала средината, од друга страна, нејзината сестра со сопругот, баш по „мерка на центарци“ градат станбена зграда кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“.

Белчева беше претседател на Советот на Општина Центар во време кога градоначалник беше Саша Богдановиќ, во чиј мандат всушност е и издадено одобрението за градење на зградата на улица „Коста Шахов“ број 8.

Одобрението е од 1 октомври 2021 година, поточно само две недели пред одржувањето на последните локални избори.

Фирмата што го гради објектот е во сопственост на сопругот на сестрата на Јана Белчева, и се вика ДТУ Гибрис Холдинг ДООЕЛ Скопје со седиште на улица Анкарска број 23/22 Скопје.

Дали и колку се искрени намерите на носителката на советничката листа на „Шанса за Центар“, Јана Белчева Андреевска, за развој на општината или пак зад нејзината, како што вели независна, кандидатура стојат политичко-партиски интереси? Иако ветува поголема транспарентност при носењето на ДУП-овите и ставање крај на урбанистичкиот хаос во општината, според други информации до коишто дојдовме, самата Белчева најверојатно си ја има „мувата на капата“ кога станува збор за придобиена градежна корист од спорно донесен ДУП и противзаконски Одлуки од Советот на општината, кои датираат дури од 2014 година. Поточно, на име на членови на нејзиното најтесно семејство, односно мајката на Белчева, во Катастарот е впишана сопственост на имот на градежна парцела во Долно Водно, која во 2012 година општината ја впишала како градежна парцела за објект со домување со посебен режим, чија дозволива бруто изградена површина изнесува 535 метри квадратни.

Но, само по две години овие 535 метри квадратни во сопственост на семејството Белчеви се удвојуваат, па така со Одлука на Советот на Општината Центар бр.07-4414/4 од 18.07.2014 година, на оваа иста катастарска парцела и’ се овозможува бруто изградена површина од дури 988 метри квадратни.

Ваквата одлука на тогашниот Совет на општината, со која директна корист имаат семејството Белчеви, не е донесена во согласност со Законот за локална самоуправа, каде категорично е наведено дека ваква одлука се носи со мнозинство гласови од Советот на Општина Центар. Тргнувајќи од фактот дека Советот е составен од 23 советника, логично, потребно е мнозинство, односно 12 гласови „ЗА“, за одлуката да биде усвоена.

Прописите се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на советот, доколку поинаку не е определено со овој или друг закон, се вели во член 62 став 2 од Законот за локална самоуправа.

Спорната одлука за овој ДУП за Градска четврт Ј07 од 2014 година, каде е парцелата на Белчеви, односно прописот на Советот на општина Центар, е донесена со 11 гласови „ЗА“, односно со поддршка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти исто толку гласови „ПРОТИВ“, од советничка група на СДСМ.

За ваквата одлука на Советот бурно реагираше тогашниот градоначалник Андреј Жерновски.

Сметам дека тие ДУП-ови се донесени спротивно на Законот за локална самоуправа и Законот за просторно и урбанистичко планирање, изјави во 2014 година Андреј Жерновски. Тогашниот градоначалник реши да ја оспори законитоста на спорно усвоената одлука и пред Уставниот суд. И покрај сето ова, Јана Белчева како претседател на советот во 2017 година и гласноговорник за неуставниот „мораториум“ побара да се изземе дупот Ј07 од списокот на дупови за кои советот донесе одлука да се суспрендираат.

Дупот Ј07 со одлука на уставниот суд од 2023 година е укинат. Во меѓувреме семејството Белчеви ја има продадено працелата и на неа е изграден нов објект.

Инаку, Белчева како претседателка на Советот во Општина Центар беше носителка на советничkата листа на СДСМ, како независен кандидат и претставник на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“. Нејзиниот мандат е обележан со незаконски и неприменливи постапки, како мораториумот за градба на територија на Центар, кој потоа беше укинат од Уставниот суд. На јавноста и’ е позната и нејзината упорност на мала врата да протурка незаконски и неприменливи конкурсни решенија за поранешната фабрика „Треска“.

За манипулациите на Белчева и обидот на „Шанса за Центар“ да ја суспензираат изградбата на комплексот „Гранд“ на паркингот спроти „Холидеј Ин“, обвинувања имаше и од жителите на Ново Маало.

Тие се жалеа дека со мораториумот кој таа го донесе во 2017 година како претседател на Советот на Општина Центар, трпат директна штета, а од тој мораториум беше исклучен спорниот ДУП Ј07 во елитната населба на Водно, бидејќи, како што тврдеа, Белчева во тој дел имала семеен имот кој имала намера да го продаде.

Личниот интерес на „независната“ Белчева, која има доставено иницијатива за кандидатска листа за советници на Град Скопје на претстојните локални избори, сепак се исправи пред нејзината лажна и популистичка борбата против интензивното градење и бетонизација на центарот на Скопје.

Извор: netpress.com.mk