“ЈАС НЕ СУМ ПРОРОК НО…“ – Александар Вучиќ знаел дека ќе има војна во Украина уште во 2021 година: “Разбрав се од средбата со Владимир Путин, следуваат големи промени!“

Претседателот на Србијам Александар Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Пинк кај водителката Јована Јеремиќ зборуваше за жешки политички теми, а меѓу другото кажа дека тој чуствувал дека во Украина ќе има војна.

Можете да погледнете во вашата архива кога на 25. ноември 2021 година, по посетата на Сочи, реков дека ни следат тешки времиња, а не затоа што Владимир Путин ми кажа дека ќе има војна. Во спротивно, тој секогаш ќе зборуваше по 45 минути за Украина. Но тогаш рускиот претседател не зборуваше ниту три минути. Тоа ми беше доволно јасно. Недвосмислено реков дека ќе има одредени промени. Само ги следев, слушав и ги составив фактите“, откри Александар Вучиќ.

Потоа српскиот претседател објасни што не очекува во наредниот период, посочувајќи дека тој сепак не е пророк.

Веќе во јуни следуваат промени. Со оглед на тоа дека Украина нема лесно да победи на воен план, тоа е речиси невозможно, очекувам да добие голем замав на европскиот пат. Следува итен почеток на пристапните преговори затоа што Американците создаваат блок во Европа, посебен блок кој не е мал, Полска, балтичките земји плус Украина, тие пет земји! Ќе имате земји кои се поголеми од Франција и се приближуваат кон Германија. Јасно е дека овој квинтет или секстет со Романија станува најсилен во Европа после Германија. Сакаме да се позиционираме како централноевропска земја, затоа имаме сѐ поблиски односи со Унгарија. Ова ќе ја промени динамиката на нашиот однос со Европа“, кажал претседателот на Србија.

Како што посочи тој, САД ќе бидат доминантни како никогаш претходно, а односот на Европа и САД кон Кина ќе биде ист.

Интересно е што се случи на седницата на Советот на Европа, важен пресврт кон Кина, земја која беше наш економски партнер, наш конкурент. За прв пат Урсула фон дер Лајен го кажа зборот – стратешки конкурент. САД ќе биде доминантна во Европа. Тие ја гледаат Кина како стратешки противник. Затоа ќе биде интересна посетата на Фон дер Лајен и Макрон на Кина“, вели Вучиќ.

Вучиќ зборуваше и за важноста на одбранбената индустрија и за фактот колку е важно да се инвестира во неа.

Сакам да ја искористам приликата да ги запознаам сите граѓани со нашите оружја на 22. април, тоа ќе биде најголемата презентација на сето она што го има српската војска. Ќе покажеме се што имаме, ќе има повеќе од 1.500 оружја, се ќе можете да видите“, најавува Вучиќ.

На прашањето што мисли за потерницата издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС) против рускиот претседател Владимир Путин, Александар Вучиќ одговори дека ја смета за политички многу лоша одлука која ќе промени многу во животот на Русите и Украинците, но и дека ќе има големо влијание врз економијата во цела Европа.

Ќе треба да седнете и да разговарате со Владимир Путин, а како можете да разговарате со него ? Како воопшто помислувате да се договорите ? Зошто го прогонувате ?“, праша Вучиќ.

Тој кажа дека МКС презел обврска која не знае да ја спроведе.

Мислам дека тоа е политички лошо за сите и тоа не го криев од првиот момент“, изјави Вучиќ.

Тие удираат во гради мислат дека се блиску до победа, но не се. Сите се далеку од победа. Ниту Русите не се блиску до победа. Никој не е. Во војна понекогаш некој победува, а понекогаш сите губат. Се плашам дека овојпат сите ќе загубат“, заклучи Вучиќ.