Јачмен – природен лек кој го намалува крвниот притисок

Јачменот е една од најстарите житарици. Тој е една од најуниверзалните зрнести култури, со широки можности за употреба во исхраната на човекот. Како култивирана билка, јачменот е гаен уште во каменот доба, 5000-6000 години пред новата ера. Трагови од култури на јачмен се пронајдени по долините на Тигар и Еуфрат, во долината на Нил и околу швајцарските езера.

Јачменот е житарица која по својот биохемиски состав, а особено по своите лековити својства, има полно право да биде „равноправна“ со другите видови житарици, а од некои видови дури има и предности.

Хранливите вредности на јачменот се, инаку, слични со другите врсти на житарици.

Во целото зрно јачмен има 11% белковини, 1,8% масти и вкупно 73,4% јагленохидрати.

Во излупеното зрно јачмен, овие вредности се менуваат – процентот на белковини и масти се намалува, а се зголемува процентот на јагленохидрати.

Јачменот е богат и со минерали: калиум, фосфор, магнезиум, калциум, натриум, сулфур, железо, манган, бакар, цинк, кобалт, флуор и јод.

И витаминскиот состав на јачменот е сличен со витаминскиот состав на повеќето житарици. Јачменот ги содржи скоро сите витамини, а посебно витамините од групата Б.

Лековитите својства на јачменот се многубројни. Тие им се препишуваат на неговите главни состојки, како што се скроб, азотни материи, растителни незаситени масни киселини, шеќер, ензими и слично.

Јачмената слуз која настанува при варењето на олупеното зрно е многу вредна диетална храна при заболувања на грлото и органите на варење, посебно при заболувањата на желудникот.

Надворешно се употребува како топол облог за созревање на чиревите и за намалување на отокот.

Супите од јачмен, со дадаток на магданос и целер и други здрави зачини, се одлично диетално јадење за лицата кои се склони кон дебелење.

Јачменот го намалува крвниот притисок

Холандските истражувачи утврдиле дека јачменот содржи и до 35% незаситени масни киселини, кои го намалуваат нивото на холестеролот во крвта, што не е случај со ниедна друга житарица. Затоа јачменот треба почесто да се користи во секојдневнат исхрана, без предрасуди дека тоа е храна за сиромашните.

Јачменот е најделотворна намирница за намалување на нивото на холестеролот во крвта, а може да се додаде во супи или да се јаде во вид на каша за доручек. Јачменовите снегулки можат да се зачинат со цимет, кој го намалува шеќерот во крвта, а од млечни напитоци најдобар е кефирот. Одличен додаток на житните снегулки се и јатчестите плодови (ореви, лешници, бадеми) или брусница, кои помагаат во спречувањето на разни заболувања, од рак до мозочен удар, а извонредно делуваат и на здравјето на мочниот меур.