Ја водеше Србија низ пандемијата, стана министерка на Вучиќ, а сега протече нејзината тајна од приватниот живот

На почетокот на минатата година нејзиниот љубовен живот повторно беше во фокусот на јавноста

Малку се знае за приватниот живот на српската министерка за семејна грижа и демографија Дарија Кисиќ, а во нејзината официјална биографија Владимир Тепавчевиќ се споменува како име на нејзиниот брачен другар.

Како што пренесува Нова.рс, Дарија Кисиќ во одреден момент дискретно се развела и познато е дека ја има 18-годишната ќерка Тина. На почетокот на минатата година нејзиниот љубовен живот повторно беше во фокусот на јавноста откако се појави рака под рака со новиот партнер. Станува збор за Драган Караџиќ, главен уредник на телевизијата Б92.

Караџиќ е роден во 1957 година, има две дипломи – една од Правниот факултет во Нови Сад и Факултетот за бизнис менаџмент во Бар. Има повеќе од 25 години менаџерско искуство со работа во телевизијата, а особено е вклучен на домашните и странските ТВ пазари, особено во Азија и Кина, и е запознаен со начинот на работа и функционирање на големите телевизиски системи.

Наводно го реорганизирал и Третиот канал каде се борел против шундовите и турбо фолкот. Тој ја поддржуваше белградската рок-сцена и се залагаше за „политички плурализам“.

Тој беше кандидат за генерален директор на РТС во 2015 година, а потоа на почетокот на март 2019 година беше назначен за главен уредник на телевизијата О2 и радиото Плеј.

Иако голем дел од кариерата мина во медиумите, Караџиќ не се експонира премногу во јавноста.