Ја совлада Русинката, одби да се ракува, падна на колена и извика: “ОВА Е ЗА УКРАИНА!” (видео)

Младата украинска тенисерка Марта Костјук во финалето на ВТА турнирот во Остин ја совлада Русинката Варвара Грачева со резлутат од 6:3, 7:5, а по победата одби да се ракува со противничката. После победата таа паднала на колена и се расплакала од врисоци.

Во интервјуто што го даде потоа, таа низ солзи изјави дека оваа победа е посебна.

На оваа позиција на која сум во моментов, многу е посебно да се освои оваа титула. Сакам истата да ја посветам на Украина и на сите луѓе кои се борат и умираат“, изјавила 20-годишна Украинка.

Ова не е прв пат Костјук јавно да зборува против Русија и нејзината инвазија на нејзината татковина. Во јануари на Австралија опен, таа кажа дека е “многу вознемирувачки” да се види таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, како се слика со руското знаме со ликот на Владимир Путин на него, а исто така одби да се ракува со Белорусинката Викторија Азаренка на УС Опен.

Овој пат во Остин се ракуваше со судиите, но не се ракуваше со противничката.

Сите што се на трибините и гледаат, особено во Украина, сакам да кажам: Слава на Украина!“, истакна Костјук.