Јелена Карлеуша жестоко му одговори на Саша Поповиќ: „Ѕвездите на Гранд“ не постојат без мене

Пејачката Јелена Карлеуша му одговори на Саша Поповиќ откако тој, меѓу другото, рече дека ѝ дал шанса да биде член на жирито на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ откако до 2015 година, Карлеуша беше забранета од сите национални телевизии. Хонорарот и цената за нејзините концерти и настапи пораснале зa 300 проценти после нејзиното појавување таму.

– Таа сигурно многу придонесе за „Ѕвездите на Гранд“, но и ние имаме направено многу за неа” – рече Поповиќ.

Реакцијата на Карлеуша сепак беше жестока па даде свој коментар за сите случувања.

– Го сакам Сале. За жал, сè што кажа е вистина. Вистина е дека цела кариера сум баниранa, што е суровата и тажна вистина на мојот живот и кариера, голема неправда и кршење на човековите права, нели? Вистина е и дека хонорарот за концерти ми е зголемен за 300 проценти, поточно три пати повеќе. Сега сум најплатенa, да! Точно е дека ми подаде рака кога никој не сакаше, но затоа работев шест години без динар, бидејќи сум чесен и добар човек кој знае да цени. Верувам дека „Ѕвездите на Гранд“ достигнаа врвот кога јас бев член на жири комисијата. Вистина е и дека откако не сум таму веќе никој не ,ги гледа „Ѕвездите на Гранд“. Сите го знаат тоа – напишала дивата на Инстаграм.

Карлеуша тврди дека по шест години ги напуштила „Ѕвездите на Грандаќ“ бидејќи продукцијата не сакала да ѝ плати соодветно.

– Верувам дека беше многу подобро да ми платеја, отколку што ја доведоа целата емисија во пропаст и непоправлива загуба. И за крај, драг моја Сале, ако „Ѕвездите на Гранд“ се толку волшебни, зошто никој друг не му растел процентот на хонорарот туку само мене? Одговорот е едноставен, бидејќи јас се борев за тоа. Ќе повторам, „Ѕвездите на Гранд“ не постојат без мене. Никој не пишува за тебе, освен кога ме спомнуваш во медиумите или кога некој кандидат ќе пее моја песната – заврши Карлеуша.