Јелена се најде сред солунски маратон со две чанти од 58.000 долари! Карлеуша има стил – погледнете како изгледа (ФОТО)

Јелена Карлеуша имаше настап пред голем број фанови во клуб во Паралија, па од Солун каде престојуваше се упати кон аеродромот за што поскоро да се врати во Белград.

Пејачката деновиве не го напушта студиото каде привршува на својот нов проект кој наскоро ќе ја види светлината на денот.

Сепак, иако брзала за навреме да стигне до аеродромот, Ј.К се нашла среде маратон кој во тој момент се случувал на солунските улици. Таа не беше расположена за трчање, но она што го привлече вниманието беше нејзиниот стајлинг.

Позната како некој што обожава скапи аксесоари, Јелена и овојпат се надмина себеси, па на улиците во Солун имаше две чанти „Хермес“, најпознатите модели „Биркин“ и „Кели“ кои се многу скапи.

Имено, цената на моделот „Кели“може да се најде на сајтовите за препродажба за неверојатни 38.545 долари, додека познатиот „Биркин“ е нешто поевтин – само 19.375 долари. Тоа значи дека Карлеуша само во чантите имала речиси 58.000 долари.

Покрај чантата, ЈК со себе имала и куфер и очила од Луј Витон во вредност од 3.000 долари, односно 700 долари, што е 3.700 долари.

Кога се ќе се собере, стигнуваме до вкупна бројка од дури 61.620 долари што таа ги дала само за модните додатоци со кои отишла на аеродром.

Да потсетиме, Јелена неодамна во Дубаи потроши 11.000 евра на ракавици и боди и тоа само за еден ден, па ни ова модно издание на поп дивата не треба да нè чуди.