Јотова: Ако Бугарите не станат дел од Уставот, нема преговори

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во Бугарската амбасада се сретна со претставници на бугарската заедница во Република Северна Македонија и им се заблагодари за нивната храброст да ја заштитат нивната бугарска свест, традиции, јазик и историја.

„Нашата заедничка цел е да го намалиме нивото на тензија, да се бориме секој ден со овој страшен јазик на омраза што се излева во Северна Македонија во однос на Бугарија и бугарскиот народ, против сите обиди за дискриминација на Бугарите во земјата. Какви и да се постапките на Република Северна Македонија, каква и да е пропагандата, нема да отстапиме од договорите што ги имаме. И ако Бугарите не бидат вклучени во уставот на земјата, нема да има ни трошка напредок во преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европа. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај на ЕК со кој ќе почнат вистинските преговори“, рече Јотова по средбата со бугарскиот амбасадор во Северна Македонија, Ангел Ангелов.

Според неа, Бугарија внимателно ја следи ситуацијата во земјата, „кој и како ги подготвува можните текстови за вклучување на Бугарите во уставот на Северна Македонија, како ќе бидат одобрени овие текстови, како ќе реагираат политичките сили, но пред се институциите во Северна Македонија.

„Ние секогаш ќе бидеме ваши бранители, исто како што го браневме ова невино момче Христијан Пендиков, кој за малку ќе го загуби животот затоа што се чувствува Бугарин и е член и секретар на бугарски клуб. Не е присуството на бугарскиот пасош што го прави човекот, туку неговата свест и секој што има бугарска свест ќе биде заштитен“, нагласи Јотова, потсетувајќи дека ова прашање го покренал бугарскиот претседател Румен Радев, за правата на Бугарите во Македонија и Северна на секој самит во Брисел, вклучително и на последниот состанок на Европскиот совет.