Јоханис: Молдавија е изложена на притисоци и обиди да се дестабилизира

Молдавија е изложена на низа притисоци, вклучително и обиди за нејзина дестабилизација, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис.

– Ќе продолжиме да стоиме цврсто покрај Кишињев сè повеќе, бидејќи Молдавија е предмет на системски хибридни притисоци, вклучително и обиди за поткопување на националниот поредок, рече Јоханис на прес-конференција.

Во Букурешт се германскиот канцелар Олаф Шолц и молдавската претседателка Маја Санду, кои изјавија дека нејзината земја смета на поддршката на Романија и Германија за започнување на процесот за пристапување во Европската Унија.